Џуниорс клубот на Креактив е создаден во 2009 со помош на нашиот волонтерот од Мировниот Корпус Скоти Пинкстер, за млади и енергични Креактив членови, кои имаат желба да волонтираат. Тие се состануваат неделно за да планираат и организираат настани, забави и да помогнат при промовирање и имплементирање на проектите и активностите организирани од тимот на Креактив. Исто така, оваа група делува како репрезентативно тело на членовите на Креактив. Тие имаат глас во одлуките на лидершипот на Креактив. Јуниор’с клубот има свој претседател, под-председател, секретар и останатите членови на тимот.
Состанокот се одржува секој вторник во 20 часот.
За повеќе информации можете да се обратите директно во просториите на Младинскиот Центар Креактив Кавадарци и на емаил: kavadarci@kreaktiv.mk



