На 30 ти декември, во Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, се организира предновогодишна забава со палачинки, каде што младите и волонтерите ги докажаа своите кулинарски способности. Жером од Франција, со помош на Лубица од Словачка ги приготвија палачинките и сите заедно се забавуваа во младинскиот центар, каде што се почувствува празничната атмосфера.
Со оваа забава Креактив ја затвори својата актвивност за 2011 година со порака до сите, дека во наредната – 2012 ќе работи уште поактиво и ќе продолжи да го следи интересот на младите. Ќе има многу активности, нови волонтери, многу забави и настани и многу дружење.


