
Божиќ е навистина традиционален празник насекаде во светот. Секоја земја-држава, постојат различни и оригинални обичаи што имаат корени од минатото на конкретната земја. Но како и да е, постојат неколку карактеристики, кои се заеднички за сите. Заедничкото нешто е собирањето на фамилијата заедно, на една трпеза.
Тажно, но во денешницава Божиќ се искомерцијализира, посебно во Западна Европа и во Соединетите Американски Држави. Постепено, обичаите и оригиналното значење на Божиќ избледнува. Ние треба да се обидеме да го одржеме овој свет празник.
Креактив заедно со своите волонтери, организира настан по повод Божиќ според Грегоријанскиот календар, поради присуството на младинци од повеќе европски држави како и од САД. На интернационалната Божиќна вечер, се презентираа Божиќни обичаи на различни држави, од каде што доаѓаат волонтерите на
Креактив: САД, Франција, Словачка, Холандија, Белгија, како и Македонските обичаи. Забавата беше збогатена со храна, пијалок, многу забава, игри, смеа, караоке, пеење, играње на македонски познати ора – комплетна забава на која сите присутни уживаа. Имаше две игри, од кои едната беше Божиќна Пињата, а другата беше натпревар во јадење на божиќни колачи, без користење на раце. Младите си разменија и божиќни подароци.
Пред да се случи оваа забава во Креактив се реализира работилница по уметност, на која се декорираше младинскиот центар и се створи топла и божиќна атмосфера. 


Креактив ја започна Божиќната атмосфера и им посакува на сите наши пријатели да го уживаат овој прекрасен празник.
СРЕЌЕН БОЖИЌ


