
На 5-ти декември, за време на прославата на Светскиот Ден на Волонтеризмот и забавата на волонтерите на која Креактив им врачи благодарници за успешната работа, во Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, преку Европскиот волонтерски сервис, пристигна нов волонтер од Франција, Жером Тилмонт.
Жером ќе волонтира во Креактив 9 месеци во полето на спортот. Младите ќе имаат можност да го запознаат подобро Жером и да спортуваат заедно со него, а воедно и да го вежбате францускиот јазик.
Доколку сакате да стапете во контакт со Жером и да договорите некоја активност со него, можете слободно да му пишете на jerome@kreaktiv.mk или директно во просториите на Младинскиот Центар Креактив.


Не заборавајте дека сите вие можете да бидете дел од истиот волонтерски сервис како и нашите волонтери овде, во некоја од европските држави. Потребно е само да сте на возраст од 18 до 30 години, да имате желба да волонтирате, да патувате, да живеете во некоја друга држава додека се здобивате со исклучително искуство. Секако, Креактив ќе ви го олесни патот до оваа цел. Дојдете и обратете ни се.


