Светски Ден на Волонтеризмот, 2011

Младинскиот Центар Креактив поради фактот дека работи со волонтери, учествува и организира волонтерски акции и оваа година, го одбележа Светскиот Ден на Волонтеризмот, симболично, покажувајќи и на јавноста дека и во Кавадарци има волонтери.

Оваа година, Креактив заедно со невладините организации од градот (СППМД, Црвен Крст и Зона) организра јавен настан во центарот на градот.

Креактив заедно со своите волонтери презентира дел од активностите на младинскиот центар. Преку различни игри, уметност – создавање на заедничко парче уметност, како белег за овој прекрасен ден, инфо-маса, младите волонтери покажаа пред јавноста дека тие постојат и пробаа да ги мотивираат и останатите граѓани. Во сите активности земаа учество и самите граѓани, кои се забавуваа заедно со волонтерите. Исто така, се случи и смрзнат флеш-моб преку кој се привлече внимание од случајните минувачи низ центарот на градот. Кутијата за донации за облека на Ромите, беше исто така присутна со цел да се помогне на најзагрозената популација од нашиот град.

 За време на овој двочасовен настан, се делеа флаери на граѓаните со порака БИДИ И ТИ ВОЛОНТЕР, со цел да се разбуди свеста за хуманост и можноста за позитивна промена кај сите.

Креактив е горд на своите волонтери, како на локалните, така и на волонтерите од Европа кои се присутни преку ЕВС и својот волонтер од Мировниот Корпус, а воедно им благодари за постојаната соработка и подршка.

Comments are closed

The Youth Center creACTive Kavadarci

Message

Што е Креактив?

КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите. Главната цел е да им се помогне на младите за нивното интелектуално усовршување, вклучувајќи ги во неформални образовни активности. Формирана е во 2007 година и главна цел на КРЕАКТИВ е интелектуалното усовршување на младите со посебен вид на неформално образование.

www.kreaktiv.mk

Videos

International Volunteer’s Day!

  • Twitter

  • Be creACTive!

     

    февруари 2012
    П В С Ч П С Н
    « јан    
     12345
    6789101112
    13141516171819
    20212223242526
    272829