
Младинскиот Центар Креактив Кавадарци отпочна со проектот “Младите Против Дрогата.”
Во склоп на овој проект, на 14-ти ноември, 2011 во 19 часот, во Креактив се одржи интерактивна едукативна работилница на тема: 
“Превенција и Последици од Користење на Дрога и Психо-активни Супстанци!”
На работилницата присуствуваа и дискутираа претставници од организацијата ЗОНА, која активно работи на програмите за “Намалување на Штети од Употреба на Дроги на ниво на општина Кавадарци.”
Едукативната работилница беше отворена за сите млади кои сакаат да се информираат и едуцираат на оваа чувствителна тема, за која имаме потреба да знаеме повеќе. Темава разбуди голем интерес кај младите кои активно се вклучија во дискусијата.


