
Никој нема толку голема моќ да предизвика промена како што имаат младите луѓе кога заедно прават нешто. Кога ќе се промениш ¨ти¨ ќе се променат и другите околу тебе.
„Започни од себе” кампањата, порачува дека е доста од прифаќањето на насилството како начин на комуникација. „Започни од себе” ја носи и пораката за промена која почнува од нас. Пред некој да одговори на насилството со насилство нека изброи до три за да побара мирен начин за решавање на проблемот преку разговор и толеранција. — www.beznasilstvo.mk
Младинскиот центар Креактив Кавадарци, заедно со CiD беше партнерска организација за реализирање на проектот на УНИЦЕФ за борба против насилството во училиштата.
Младите од Кавадарци на 29.10.2011 (сабота), во соработка со Младински Центар Креактив, Уницеф и Министерството за образование, успешно ја пренесоа пораката „ ЗАЕДНО ЗА УЧИЛИШТА БЕЗ НАСИЛСТВО ”, преку Флеш моб кој го реализираа на кошаркарскиот натпревар помеѓу нашата кошаркарска гордост ФЕНИ Индустри и МЗТ.
Се надеваме дека со помош на оваа песна и флеш моб сите – младите, наставниците, родителите и останатите членови на заедницата – ќе станат дел од позитивната промена. Се надеваме дека ќе дадат позитивен пример за меѓусебна комуникација и ќе покажат како се решаваат проблемите.
Креактив им благодари на сите кои ја подржаа кампањата и ни помогнаа да ја реализираме и во Кавадарци, а тоа се: Фени Индустри, Спортска сала Јасмин, а секако најмногу благодарност на младите учесници во флешмобот.
Погледнете фотографии овде.


