Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, овозможува БЕСПЛАТНИ неформални курсеви за странски јазици.
Шпанскиот јазик е еден од јазиците, кои можете да ги изучувате во Креактив. Сите млади на возраст од 13 до 20 години, кои сакаат да го изучуваат шпанскиот јазик, да вежбаат конверзации на шпански, можат да го сторат тоа со и во Креактив, заедно со нашите волонтери од Европа.
Шпанските работилници се одржуваат секој четврток и тоа во два термина, за да биде достапно за сите ученици, во 11 и 14 часот.
Заинтересираните можат да се пријават на следниов e-mail: adeline@kreaktiv.mk и arthur@kreaktiv.mk или директно во просториите на Креактив.


