Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, овозможува БЕСПЛАТНИ неформални курсеви за странски јазици.
Францускиот јазик е еден од јазиците, кои можете да ги изучувате во Креактив. Сите млади на возраст од 13 до 20 години, кои сакаат да го изучуваат и подобрат францускиот јазик, да вежбаат конверзации на француски, можат да го сторат тоа со и во Креактив, заедно со нашите волонтери од Франција.
Француските работилници се одржуваат секој петок и тоа во два термина, за да биде достапно за сите ученици, во 11 и 14 часот.
Заинтересираните можат да се пријават на следниве e-mail: melissa@kreaktiv.mk и arthur@kreaktiv.mk или директно во просториите на Креактив.


