Младинскиот Центар Креактив Кавадарци како една од главните цели ја има уметноста, што значи е голем подржувач на креативноста. Креактив ги мотивира младите да се изразуваат на креативен начин, преку уметноста, па токму затоа се реализира работилница за уметност, за која ангажираме и млади волонтери од странство за да придонесе во разновидноста на креациите, на вештините и идеите. Разменувањето на искуство и умешноста придонесува за нови начини и методи на изразување на сопствената креативност и талент.
Многу од работилниците се реализираат како дел од многу проекти и настани, понекогаш се поединечни а понекогаш се реализираат и организираат во циклуси. Во галеријата можете да видете дел од текот на овие работилници, во кои младите навистина уживаат.
Моментално, работилниците за уметност се одржуваат секој петок, во 19 часот, во просториите на Креактив.



