Младинскиот Центар Креактив како мултикултурно место, работи со многу млади луѓе со различна социјална и културна позадина.
Младите од Кавадарци имаат шанса да се запознаат со многу земји, за нивните традиции и начин на живот.
Креактив го подржува мултикултурното движење и им озможува на младите да имаат културна разновидност преку организирање на мултикултурни вечери, на кои се презентираат различни земји, преку различни слајдови и компјутерски презентации, квизови, традиционална храна, игри итн. Обично презентациите ги изработуваат млади кои доаѓаат од конкретната презентирана земја, но исто така е возможно и за секој заинтересиран кој има желба да проучува и презентира некоја земја и култура.
Со Креактив, преку оваа работилница, младите секогаш учат барем по нешто ново што претходно не го знаеле. Затоа мултикултурните вечери се секогаш посетени и будат интерес кај младите.


