Младинскиот Центар Креактив, како сервис за млади, за подршка на нивната креативност и иницијативност, им обезбедува простор и внимание на младите кои имаат интерес во драмската и театарската уметност, организирајќи драмска работилница, која работи на различни проекти.
На оваа работилница се вклучуваат заинтересирани млади луѓе кои имаат талент и сакаат тоа да го покажат пред јавноста. Креактив тоа им го овозможува приложувајќи им различни проекти на кои и тие самите работат. Тимот на МЦ Креактив, ги мотивира младите да се вклучат целосно при подготовката на различни драмско-сценски настапи со што ги поттикнува да работат, да ги развиваат своите капацитети и да ги зголемат своите искуства. Со Креакитв и работилницата за драма, младите можат да се пронајдат како сценаристи, режисери, актери итн.
Досега, оваа работилница има реализирано доста настапи, на различни настани, како што се: Денот на волонтеризмот, Денот на Европа, Ден Против Расизам… Во моментот, младите учесници во оваа работилница, се вклучени во проектот: Креактив со Младите Против Дрогата, за што тие се одлучија да работат на драмска претстава на тема – дрога.
И оваа работилница, како и останатите, е помогната од волонтери од Европа, кои им помагаат на локалните волонтери и учесници при организирање и реализација на проектот, а исто така во подготовките учествува и волонтер од Мировен Корпус.
Креактив ги прави сите напори да им приложи на младите од Кавадарци, незаборавно искуство и да им помогне при нивниот развој преку креирање на програма во која младите го имаат главниот акцент.
Оваа работилница е отворена постојано за нови членови, кои секако ќе си го пронајдат своето место, својата улога во некој од проектите.


