Дебатите како средство на соочување и изразување на сопственото мислење се дел од активностите и интересите на Младинскиот Центар Креактив.
Се одржуваат на теми одбрани од страна на модераторот кои ги сумира идеите од младите кои претходно предлагаат теми.
Темите на дебатите се најразновидни, од забавен карактер па се до сериозен.
Како една од главните дисциплини за активното учество на младите во општеството, дебатите им помагаат на младите да ги споделат своите мислења, а понекогаш и да ги сменат.


