Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, овозможува БЕСПЛАТНИ неформални курсеви за странски јазици.
Англискиот јазик е еден од јазиците, кои можете да ги изучувате во Креактив. Сите млади на возраст од 13 до 20 години, кои сакаат да го изучуваат и подобрат англискиот јазик, да вежбаат конверзации на англиски, можат да го сторат тоа со и во Креактив, заедно со нашите волонтери од Европа.
Англиските работилници се одржуваат секој вторник и тоа во два термина, за да биде достапно за сите ученици, во 11 и 14 часот.
Заинтересираните можат да се пријават на следниов e-mail: ward@kreaktiv.mk или директно во просториите на Креактив.


