Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, користејќи метод на неформална едукација, подготвува различни работилници за млади на возраст од 13 до 20 години.
Во Креактив, присуството на млади волонтери од Европа, овозможува прекрасна атмосфера и имиџ на мултикултурно катче, каде што младите можат да разменуваат и да се здобијат со различно искуство и вештини, на интересен и неформален начин.
Младите можат сами да одлучат која активност ќе ја посетуваат. Бројот на активности е неограничен, а учеството е бесплатно. Исто така, Креактив им стои на располагање да им помогне на младите да ги реализираат и сопствените идеи и креативност.
Активностите се менливи, во зависност каков интерес постои кај младите.
Во моментов, во Креактив може да се посетуваат следниве работилници:
Бесплатни курсеви по странски јазици:
* (курсевите по странски јазици се бесплатни и отворени и за возрасни над 20 години).
Драма / Уметност / Гитара и Укулеле / Спорт / Филмска вечер / Интеркултурни вечери / Едукативно-забавни игри / Креативно пишување / Шах / Новинарство – изработка на Магазин за Млади – Happydarci News / Креактив Џуниорс ( репрезентативен клуб на млади ) / дебати /
* За повеќе, отворете ги линковите


