Ова лето, младинскиот центар Креактив започна со проект Летен Камп, каде што се приклучи и клуб GLOW (клуб за женски лидери). Овој летен камп е за младите луѓе од Кавадарци и ќе се одржи од 19ти до 22ри Јули, во Манастирот Св. Никола- Моклиште.
Во овој четири дневен летен камп, учество ќе завземат 20 учесници на возраста од 13 до 18 години. Учесниците не само што ќе се забавуваат и дружат, туку и ќе ги подобрат и ќе работат на сопствените способности, како што се: комуникациски и организациски вештини, лидерски вештини, спремност за преживување, како и свест за екологија. Исто така младите ќе се обучат за спремност на тимска работа, се со цел тие да станат активни граѓани во општеството.
Заинтересираните можат да се пријават во просториите на Креактив. Крајниот рок за пријавување е 5-ти Јули.
Секој учесник ќе треба да плати симболична сума од 250 денари за овој летен камп, а останатото ќе биде подржано од страна на спонзори-донатори, заинтересирани за подршка на младината од нашиот град.



