Од оваа година, Младинскиот Центар Креактив Кавадарци ги спроведува своите активности и на младите во Росоман, во просториите на училиштето.
Младинците во Росоман можат да посетуваат изучување на странски јазици ( англиски, француски, германски и шпански ), како и уметност и спорт. Исто така, со цел да ги задоволиме интересите на овие млади, Креактив е флексибилен и прилагодлив, што значи ги следи интересите и потребите на младите со своите активности.
Активностите се спроведени од волонтери од различни европски држави, заедно со домашни волонтери од Креактив.
Активностите се одржуваат секој вторник и петок од 13 до 16 часот.
Како и секогаш, посетата на било која од активностите е бесплатна, а можат да ги посетуваат сите на возраст од 13 до 20 години.


