
Фотографиите можете да ги погледнете овде
21-ви март е Интернационален Ден Против Расизамот. Тоа е ден кога луѓето од целата планета го повишуваат својот глас против расизам. Илјадници луѓе од Европската Унија, ќе дојдат да ги промовираат и прослават заедно еднаквите права и различностите во Европа. Исто така, Кавадарци ќе го прослави овој ден се со цел да ја подигне свеста кај граѓаните и да го даде својот глас ПРОТИВ расизам. По тој повод, нашата организација Креактив, заедно со организациите од нашиот град: Зона, ЕКРОК, Црвен Крст, Домот на Културата, Собранието и сите училишта од градот, подготвивме голема манифестација на 19-ти март ( сабота ).
Исто така во просториите на Младинскиот центар Креактив, на 17. 03. 2011 – четврток, ќе се одржи отворена дебата на тема ” Дали Сме Сите Ние Расисти? “.
На оваа дебата ќе дебатираме за проблемите со кои се соочува нашето општество, како што е расизамот, за факторите, причините и последиците. Дебатата ќе биде проследена со кратки видеа, фотографии, артикли…
Погледни го видеото од настанот: Денот Против Расизам!
П р о г р а м а:
( 19.03.2011, сабота )
14.00 – 15.00
1. Парада ( на улицата Илинденска, од новиот центар до центарот на градот ).
2. ( плоштад )
- Мини концерт на учениците од Музичкото училиште;
- Арт презентација
19.00 – 21.00
3. Главна манифестација – кино сала при Домот на Културата:
- претставници од музичкото училиште;
- кратка видео презентација;
- драма;
- брејкденс;
- џез бенд;
- бенд од Креактив;
- рок бенд Smoke Shakers
4. Презентација на традиционална кујна од различни европски земји.


