На 16 април, 2011, сабота, Младинскиот Центар Креактив Кавадарци, на сопствена и иницијатива на волонтерите од Европа што се присутни во Креактив, Јустина од Полска и Лус од Холандија, организира настан по повод на Интернационалнит Ден На Земјата (22.04), заедно со волонтер на Мировниот Корпус – Меги Дејвис, на спортската сала Јасмин, на спортското игралиште. Овој настан беше реализиран заедно со ученици од седмо и осмо одделение, од основните училишта од нашиот град.
Волонтерите од Креактив пред ова случување, неколку седмици изработуваа едукативни работилници во училиштата, на часовите по биологија, за значењето на животната средина. На овие работилници, како и на самиот настан беа презентирани можностите и начините како секој од нас може да и помогне на Земјата, и колку нашата планета е значајна, преку рециклирање на материјали, внимателно отстранување на отпадок, посадување на растенија…
На овој ден, учениците беа поделени по тимови од секое училиште и на секои 30 минути си ги променуваа позициите, така што секој тим ги посети и учествуваше во секој од петте ткн. станици ( чистење на околината; посадување на цвеќиња и боење на саксии; Tye Dye – рециклирање на стари мајци; игри и спорт. Со ова младите имаа прекрасна можност да се дружат, да се забавуваат, да научат нешто, а секако и да и помогнат на сопствената планета, со надеж дека ваков ден ќе биде секој нареден ден, со грижа и совесност за нашата животна средина.
На игралиштето се појави и Претседавачаот на Советот на општина Кавадарци, Г-дин Илија Тренчев, како и членови на совет, кои го помогнаа симболично овој проект.


