ПОРАНЕШНИ ЕВС ВОЛОНТЕРИ ВО КРЕАКТИВ КАВАДАРЦИ
Анамаја Нареахо (Манску) - Финска

Јустина Голецка – Полска

Илсе Олферс – Холандија

Лус ван Велцен – Холандија

Свен Коимен – Холандија

Ана Пиментел – Португалија

Естел Duquesnois – Франција

Пред да се вклучам во Европскиот Волонтерски Сервис, работев три години во Лион и во меѓувреме почувствував потреба да се одморам од секојдневието и да свртам нова страница од мојот дневник, пручувајќи нови хоризонти. Јас всушност не ја избрав Македонија – Македонија ме избра мене!
И така во септември 2010 година, пристигнав во Кавадарци, во Младински Центар Креактив на 9 месечна прекрасен проект и авантура!
За време на мојот ЕВС проект научив многу работи: од моите цимери во станот (исто како мене – ЕВС волонтери) кои беа на различна возраст, од различни средини и различни култури, од сите млади кои доаѓаа во Младински Центар Креактив и од сите прекрасни луѓе од Кавадарци кои имав можност, а и ми претставуваше задоволство и чест да ги запознаам!
Исто така научив многу и од себе, обидувајќи се да се прилагодам на новите околности, учење на нов јазик и прифаќањето на различни култури.
Многу научив и од различните проекти кои се реализираа преку целата година во кои земав учество, како што се: месечниот магазин за млади во кои беа вклучени група на млади од Кавадарци, создавање на театарски претстави, организирање на настани, како и работилница со ромските деца од Кавадарци…
Давид Дуцин – Франција

Мојот Европски Волонтерски Сервис во Креактив Кавадарци, претставуваше прекрасно работно искуство. Живеењето во Македонија ми даде можност да се запознаам со поинаков начин на живење, кој го доживеав благодарение на гостопримливите – пријатни луѓе, како и од асоцијацијата која обезбедува одлични услови за живот и работа со волонтери.
Заедно со неколку други волонтери од различни држави, организиравме редовни активности, како и посебни настани кои овозможуваат да се сретнат активни млади од градот и да се работи со нив на различни области (странски јазици, уметност, музика, спорт, борбата против дискриминацијата и расизам, европска недела и многу други настани и проекти ).
Јас навистина уживав во ова културно искуство, благодарение на изучувањето на локалниот јазик – македонски, од две прекрасни професорки.
Моника Квичинска – Полска

Педро Виера – Португалија

Анете Рос – Естонија

Сите ние се стремиме кон предизвиците во нашите животи. По завршувањето на моето средно образование во Естонија јас се упатив кон мојот предизвик. Барав нешто возбудливо зa една година, нешто што би било поврзано со деца и млади, нешто во врска со различни култури, јазици и луѓе кои се отворени. Конечно го пронајдов – тоа беше мојот ЕВС проект во КРЕАКТИВ – Кавадарци.
Волонтерското искуство во Македонија ми покажа многу, на еден нов начин. Почнувајќи од погледот кон себе во неочекувани улоги, па се до истражување на различни начини на живеење на секојдневието. Работата со локалното младо население ми даде многу позитивна енергија. Гледајќи како средношколците свират на гитара, секој ден подобро и подобро, девојчето – ромка, за првпат го напиша бројот два како што треба, или пак, група на млади од локалното село учат како да ствараат уметност преку рециклирање, едноставно ме правеше среќна.
Ми претставуваше задоволство да работам со млади луѓе, ми се допадна учењето на македонскиот јазик,да се запознаеш со локалното население и вистинската мешавина на култури околу мене.Како прво, беше лесно да се стапе во контакт со локалните Македонци, Албанци, Роми и Турци, но исто така, можеше да се запознаат и голема група на меѓународни волонтери.
Работењето во КРЕАКТИВ од една страна ми даде големо искуство во младинска работа, организирање проекти и настани, водечки работилници. Но, сметам дека многу поважен дел од моето волонтирање е соочувањето со македонскиот начин на живот, да се запознаеш со волонтерите кои уживаат да ја вршат својата работа и гледајќи ги луѓето колку се среќни и задоволни со се онаа што тие го имаат околу себе.


