
Младинскиот Центар Креактив Кавадарци е младинска асоцијација, активна во Кавадарци од 2009 година. Креактив е место за млади од 13 до 20 години, кои имаат интерес и амбиција да искусат неформален начин на едукација, место каде што има простор за многу идеи, многу креативност, игри и забава.
Следејќи ги европските стандарди, Креактив нуди прекрасна можност да бидеме дел од развиеното и активното младинско граѓанство, за развивање на свеста кај младите, се со цел да се промовира мирот, толеранцијата, солидарноста, разбирањето и соработката меѓу младите преку разновидни работилници и проекти.
Овде младите можат слободно да волонтираат, што ќе им помогне при нивната комплетна социјализација, да ги реализираат своите идеи, да ја промовираат својата креативност и својот талент, да се здобијат со искуство со волонтирање во странство, преку сервисот на ЕВС и Млади во акција.
Сите услуги што Креактив ги нуди на сите млади се бесплатни, како и бесплатен интернет.
Центарот е отворен секој работен ден од 11 до 21 часот и во сабота од 16 до 21 часот

За повеќе информации, слободно контактирајте не.
