“Млади во Aкција” (Youth in Action – YiA) е Европска програма за млади луѓе. Целта е да инспирира и поттикне активно европско граѓанство, солидарност и толеранција меѓу младите од Европа и да ги вклучи во обликувањето во иднината на Унијата.
Европско граѓанство, Младинска партиципација, Културна разновидност и Инклузија на млади со ограничени можности се приоритети на програмот Млади во Акција.
Младински размени од 10 до 20 дена на кои може да учествуваат млади од 13 до 25 години. Ова е одлична можност да запознаете други млади од Европа и да научете повеќе за нивните култури.
Преку оваа програма младите од Кавадарци веќе имаа можност да учествуваат во неколку размени и тоа :
Србија- Фебруари 2010 – Размена за Активно граѓанство на младите
Словенија- Април 2010 -Размена за драма
Белгија – Август 2010- Размена за драма
Франција – Август 2010- Размена за музика
Ова се само неколку од размените кои поминаа , а во иднина ќе следуваат уште повеќе.
Учествувај и ти во програмата Млади во акција!



