Младинската Асоцијација Креактив е акредитирана хостинг и сендинг организација од окромври 2007 година. Моментално Креактив има два активни проекти базирани еден во Скопје и другиот овде, во Кавадарци.
Детални информации за проектите можат да се најдат на следниве линкови:
Европски Волонтерски Сервис (EVS) - е можност за волонтирање од 2 до 12 месеци за млади на возраст од 18 до 30 години.
Преку Креактив неколку млади луѓе заминаа како волонтери во различни земји, а исто така и голем број млади од странство престојуваа во Македонија. Во моментот во Младинскиот центар во Кавадарци престојуваат млади волонтери од Белгија, Франција, Холандија, Финска и Словачка. Во наредните месеци очекуваме нови волонтери.
Повеќе за ЕВС волонтерите во Креактив Кавадарци можете да погледнете овде.
Поголемиот дел од трошоците се покриени од Европската комисија, за повеќе информации обратете ни се во Младинскиот центар Креактив.


