Млади во Акција

    “Млади во Акција” е програма на Европската Унија за младите луѓе. Таа има за цел да поттикне чувство за активно европско граѓанство, солидарност и толеранција меѓу младите европјани и да се ги вклучи во обликувањето на иднината на Унијата.*

  Европското Граѓанство, Учество на млади луѓе, Културна разновидност и Инклузија на млади луѓе со намалени можности, се преоритети на оваа програма.

  Програмата на Младите во Акција, се имплементира преку реализација на проекти за млади, кои се структуирани во пет различни акции:

- Акција 1 – Младте за Европа

- Акција 2 – Европски Волонтерски Сервис

- Акција 3 – Младите во Светот

- Акција 4 – Младински системи за подршка

- Акција 5 – Подршка за европска соработка во полето на младите

   Акциите 2 и 3 се исто така, отворени за младите од Партнер Земјите (вклучувајќи ги и земјите од Југоисточна Европа, каде припаѓа и Македонија). Ова значи дека младите и младинските организации од Југоисточна Европа (South-East Europe – SEE), можат да имплементират (или да учествуваат) интернационални младински размени, ЕВС (долгорочно волонтирање) проекти, обуки, семинари и други видови на проекти во областа на младите.

  Организациите од Програмата земји (ЕУ + ЕФТА + Турција) ги аплицираат своите проекти до Националната Агенција во нивните земји, додека организациите од Југоисточна Европа Земји – партнери ги праќаат своите проектни понуди до Извршната Aгенција во Брисел.

   Како Контакт Точка за Програмата “Млади во акција” за Македонија, младинска асоцијација КРЕАКТИВ нуди целосна поддршка во врска со истото. На барање, ние можеме да ви обезбедеме информации, ресурси и совети кои би можеле да бидат корисни за вашиот Млади во Акција проект. Одредени ресурси се исто така достапни на оваа веб-страница – на левата страна можете да најдете некои корисни преземања поврзани со Програмата Млади во Акција. За било какви други информации слободно контактирајте со нас на: kavadarci@kreaktiv.mk / aleksandra@kreaktiv.mk

   * од “Млади во Акција – Мобилизирање на потенцијалот на младите Европјани” – публикација на Програмата Млади во Акција.

 

Comments are closed

The Youth Center creACTive Kavadarci

Message

Што е Креактив?

КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите. Главната цел е да им се помогне на младите за нивното интелектуално усовршување, вклучувајќи ги во неформални образовни активности. Формирана е во 2007 година и главна цел на КРЕАКТИВ е интелектуалното усовршување на младите со посебен вид на неформално образование.

www.kreaktiv.mk

Videos

International Volunteer’s Day!

  • Twitter

  • Be creACTive!

     

    февруари 2012
    П В С Ч П С Н
    « јан    
     12345
    6789101112
    13141516171819
    20212223242526
    272829