Здраво. Се викам Скоти Пинкстер. Јас сум 26-годишен волонтер на Мировниот Корпус, од Соединетите Американски Држави. Студирав социјална работа во САД. Кога ги завршив своите студии, одлучив дека е вистинско време да започнам да го следам и реализирам сонот што го имав долго време. Сакав да искусам живот надвор од САД, да се докажам како личност и да им помагам на другите на начин на кој можам и умеам. Мировниот Корпус беше тој сон…
Мировниот Корпус е американска волонтерска програма водена од страна на владата на САД. Програмата е основана во 1961 од тогашниот Претседател Џон Ф. Кенеди. Од 1961 преку 200,000 американци се имаат приклучено кон Мировниот Корпус и имаат служено во 139 земји, насекаде низ светот.
Мировниот Корпус ме смести во Македонија и многу ми е мило поради тоа. Живеам овде и работам за Креактив од 2009 година. Неодамна го продолжив својот престој за трета година. Имам прекрасен живот овде со многу пријатели и фамилии што ме третираат како еден од своите најблиски. Би сакал да се заблагодарам на Македонија и на Креактив за прекрасната можност да работам прекрасна работа и да го уживам својот живот максимално.


