Лубица Дрангова – Словачка

     Моето име е комбинација од името на татко ми и мајка ми: Лубомир + Милица = Лубица. Имам две мачки, еден брат, една змија и две птици. Живеам во Братислава – главен град на Словачка. Моментално имам  23 години.  Одев во средно училиште за култура, а потоа ги продолжив студиите на културен менаџмент, бидејќи сакам да организирам културни настани. Мојата пасија се готвењето и пливањето. Ги сакам луѓето и сакам да ги анализирам нештата. Понекогаш тоа ги комплицира истите. Сакам да одам на концерти, да стварам уметност, како и да се дружам со пријателите. Заразена сум со патувањето. Кога бев во средо образование, поминав цела година во САД, а за време на факултет – 4 месеци во Финска. Но навистина имав желба да ја посетам оваа прексна мала земја, полна со прекрасни луѓе – Македонија. Решив да паузирам малку откога димпломирав. Господ да ги благослови Креактив и ЕВС. Среќна сум да бидам овде со сите. Мило ми е што сум овде во Кавадарци, што можам да пешачам со локалната младина, да изработувам уметност во Пикасо – стил, да пишувам приказни или да се забавувам како на Интернационалниот Ден на Волонтеризмот.

    Во нетрпение сум што ли следува до крајот на мојот ЕВС проект.

Comments are closed

The Youth Center creACTive Kavadarci

Message

Што е Креактив?

КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите. Главната цел е да им се помогне на младите за нивното интелектуално усовршување, вклучувајќи ги во неформални образовни активности. Формирана е во 2007 година и главна цел на КРЕАКТИВ е интелектуалното усовршување на младите со посебен вид на неформално образование.

www.kreaktiv.mk

Videos

International Volunteer’s Day!

  • Twitter

  • Be creACTive!

     

    мај 2012
    П В С Ч П С Н
    « апр    
     123456
    78910111213
    14151617181920
    21222324252627
    28293031