Здраво, се викам Жером и имам 27 години. Јас сум волонтер од Франција, од Лил. Во мојата професионална кариера, достигнав до висока позиција во банка, во 2009 година. Работев во кол центарот – информативен и услужен центар за коминтентите.
Но во моментов, навистина сум заинтересиран за промена на мојата професионална кариера и пренасочување на мојата активност во социјален сектор. ЕВС програмата и мојот ЕВС проект во Кавадарци е одлична транзиција за мене лично.
Ми се допаѓа мојот нов живот во Македонија. Ова е прекрасно искуство за мене. Сакам да истражувам нови култури и да запознавам нови личности.


