Се викам Аделин и имам 22 години и доаѓам од Сент-Етјен, Франција. Градот беше доста популарен во 70-тите по прекрасниот фудбалски тим во тој период.
Го открив волонтирањето како можност после моето дипломирање на психологија. Побарав повеќе информации и аплицирав за во граѓански сектор за период од 9 месеци и во октомври, 2010 за првпат волонтирав. Изготвив и реализирав разни проекти, но меѓу најдобрите беше оној проект за борба против сидата. Тоа беше прекрасно искуство за мене, а сретнав и многу интересни луѓе и открив за ЕВС програмата.
Сакам да работам на хуманитарни и благородни проекти, да помагам, да патувам… Затоа Европскиот Волонтерски Сервис ме привлече уште веднаш. И еве ме овде, во Македонија. Мојот проект е една година. Овде секојдневно сретновам прекрасни луѓе, открив една поразлична нова култура, го запознавам секојднивниот живот и уште многу други нешта.


